Bред Пит се забавуваше со голем број познати актерки, меѓу кои и неговите поранешни сопруги Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, но сега откри дека една од неговите најдобри врски била со поранешната девојка Џулиет Луис.
Холивудската ѕвезда се присети на времето поминато заедно со актерката.
„Сè уште ја сакам таа жена. Поминав одлично време со неа. Тоа беше една од најдобрите врски во кои некогаш сум бил. Проблемот е што растеме со визија дека љубовта победува се, а тоа едноставно не е така. Нели?“, рече 59-годишниот Бред во интервју за Vanity Fair.
Поранешниот пар се запозна на снимањето на филмот Too Young to Die, кој беше објавен во кината во 1990 година. Луис имаше 17, а Пит 27 кога почнаа да се забавуваат. Тие исто така глумеа заедно во трилерот California. Тие беа во врска три години, а раскинаа во 1993 година.