Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, соопштил дека Општина Чаир објавила тендер за избор на компанија која ќе го изведе уривањето на илегалниот објект кај ТЦ Мавровка.
Според Ганиу, во изјава за ТВ 21, тендерот не е само за уривање на објектот кај Мавровка туку и за други потреби на општината.
„Не, тендерот не го поништуваме бидејќи нам ни треба преку цела година бидејќи има и други делови што се градат без дозвола и со тој тендер ќе можеме да дејствуваме. Се разбира, ние и кога го објавивме тендерот не го направивме за овој објект, туку воопшто за да можеме да постапуваме и во други ситуации“, истакна Висар Ганиу.
Ова и овозможува на општината во случај изведувачот на илегална градба да го урне објектот кој е дивоградба своеволно и во рокот предвиден од 8 дена, општината нема да има потреба да го поништи тендерот кој е објавен денеска. Работите ниту денеска не се реализираа, туку сопственикот на илегалниот објект и натаму е непознат за властите.
Ганиу изјави дека за ситуацијата, изведувачот на работите се обидел да го контактира и по неофицијален пат.
„Се обидов да го побарам неофицијално лицето за да дојде, но не дојде. Но јас сум убеден дека и за негово добро и за доброто на општината е сам да го урне објектот бидејќи е дивоградба“, посочи Висар Ганиу.
Од петокот почна да тече рокот од 8 дена од општина Чаир за да го извести сопственикот дека објектот треба да се урне. Веќе 5 дена работите се во прекин иако претходниот период истите се одвиваа интензивно.