Се уште не се знае кој ќе биде нов министер за здравство, вели Гаши

од Берта Китинска
327 прегледи

Алтернатива прво најискрено неколку недели разговараше за програмскиот дел со премиерот.Со нашето влегување на владата сакваме да помогнеме кон енергетската, здравствената криза…, вели лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во емисијата „Здраво Македонијо“.

На прашањето дали  Беким Сали ќе биде новиот министер за здравство Гаши кажа дека одлуката не е дефинитивна.

-Ние од партијата на Централниот конгрес ќе се договориме кој ќе биде министер.И јас како  претседател ќе дадам свој придонес и лично ќе се ангажирам да помогнам на министерот. Тој министер ќе им служи на сите граѓани, вели Гаши.

Гаши посочи дека за влезот во владат била пресудна големата шанса за почетокот на преговорите.

-Пресудно беше што регионолно  постои голема шанса за добивање на нов почеток на преговрите.Иако сега повтроно се одложи со нашиот влез покажавме дека имаме стабилна влада и со тоа не и се дозоволи на Бугарија да каже дека нема со кого да разговара, вели Гаши .

Слични содржини