„Сè уште немам разговарано со Мицкоски“ – Перински со амбиции за Скопје, но чека зеленo светло од премиерот

од Марта Пешевска
44 прегледи

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, не ја исклучува можноста еден ден да ја води главниот град, но истовремено вели дека сѐ уште не е разговарано за конкретна кандидатура со раководството на неговата партија.

Во гостување на емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Перински истакна дека досега не водел разговор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за тоа дали би бил кандидат за градоначалник на Скопје. Сепак, јавно ја изрази својата подготвеност и желба да ја прифати оваа одговорна функција, доколку му биде понудена.

„Сѐ уште не сум разговарал со претседателот Мицкоски. Ќе почекаме да излезат анкетите, па потоа ќе се одлучи кој ќе биде кандидатот. Ако добијам можност, со задоволство би прифатил. Амбицијата постои“, рече Перински.

Тој потенцира дека функцијата градоначалник бара јасна визија, цврста волја и посветеност, а крајниот збор секогаш го имаат граѓаните, кои преку својата поддршка ќе го изберат најсоодветниот кандидат.

Слични содржини