Се уште се прибираат докази за убиствата на Вања и Панче, обдуцискиот наод не е доставен

од Nikola Popovski
246 прегледи

Извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се уште не е официјално доставен до Јавното обвинителство.

Како што соопштија од таму, во тек е фазата на прибирање на сите докази околу истрагата на убиството на 14-годишната Вања и на 74-годишниот Панче.

Иако обдукцијата на телата заврши на 5 декември, сè уште се чека Институтот за судска медицина и криминалистика да ги изготви и официјално да ги достави наодите до Обвинителството.

Вања беше киднапирана на 27 ноември годинава пред зградата во која живеела. Ја киднапира организирана група, предводени од Љупчо Палевски-Палчо кога тргнала накај училиште.

Како што подоцна беше откриено, нејзиниот татко Александар на групата на Палевски им ги открил движењата на тинејџерката и на тој начин помогнал да ја киднапираат. Наводно, за заедно да изнудат пари од нејзината мајка Зорица.

Американската амбасадорка Анџела Агелер пред два дена изјави дека системот не успеал да ѝ помогне на младата Вања и упати порака кон институциите.

Слични содржини