Сè уште се трага по исчезнатото момче кај Глажња, вклучени се нуркачи од „Тигрите“ и „Волците“

од Nikola Popovski
309 прегледи

Продолжува потрагата по 29-годишното момче кое минатата недела исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња. Денес на терен се осум нуркачи од „Волците“ и шест нуркачи од „Тигрите“ кои го пребаруваат дното на езерото. Истовремено има и тимови од Дирекцијата за заштита и спасување. Се пребарува и брегот на езерото.

Ова денеска го истакна првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

За жал видливоста е слаба, длабочината е многу висока. Нашите нуркачи се обучени и нуркаат до максимум 40 метри длабочина, потенцира Ангелов.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го обезбедуваат местото на инцидентот.

Како што објавија од ЦУК, се трага по Ф.Р. 30-годишен маж од селото Никуштак.

Слични содржини