И деветти ден се трага по 25-годишната Наташа Соврановски родум од Македонија, која исчезна во Германија. Апелот е испратен од семејството кое бара какви било информации за исчезнатото лице.
Наташа последен пат била видена на 2-ри септември, а на себе носела носела црна маица и црни панталони со странични џебови, и црни „Најк“ патики.
Во апелот кој се шири на социјалните мрежи, односно во групата „Македонци во Германија“, наведено е дека Наташа е висока 180 сантиметри, локацијата на исчезнувањето е Завелштајн. Таа има темнокафена коса и кафени очи а како карактеристика за препознавање е издвоено дека има тетоважа на подлактницата.
Семејството апелира доколку некој има информации за тоа каде се наоѓа да пријави на +49 1573 4580153 или директно да ја контактира германската полиција.