Се уште трае потрагата по 29-годишниот М.П од струмичко Дабиле кој исчезна кај селото Дрвош

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Се уште трае потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој на 16 овој месец исчезна во водите на браната кај селото Дрвош.

Вчера попладне во потрагата се вклучија жители на селото Дабиле, кои со чамец и сонар ја пребаруваа браната, но петчасовната потрага не даде резултат.

На фејсбук групата „Дабиле“ најавуваат дека потрагата ќе продолжи и денеска попладне и се надеваат дека ќе биде пронајдено телото на исчезнатото момче

Инаку, на 16 јули 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

Слични содржини