509
Вељко и Богдана Ражнатовиќ се венчаа пред Бога, во храмот на Св. Сава, а ги венчаваше духовниот водич на Цеца.
Кога излегуваше од дома, Богдана несакајќи се сврте кон вратата, а според некои суеверија тоа значи дека децата кои ќе ги добијат ќе личат на нејзиното семејство.
Веднаш по стапувањето во светиот брак, среќните младенци и нивните семејства се упатија на приемот во хотелот Хајат во Белград, каде ќе се одржи и граѓанското венчавање, а потоа следува најголемата свадбена журка на овие простори во последната деценија.
За време на венчавката Богдана го носеше фустанот во кој Цеца пред 24 години се заколна на вечна љубов со сопругот Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Салата каде ќе е одржи прославата е украсена со иницијалите на младенците.