Се вери Наоми Кембел? Прстенот на нејзината рака покрена бројни гласини

од Stefanija Kuzmanovska

Супермоделот Наоми Кембел покрена бројни гласини за наводна веридба.

Наоми Кембел се појави на настан каде што вниманието на сите го привлече големиот дијамантски прстен на нејзината рака.

Откако папараците ја фотографираа Наоми, почнаа гласини дека таа решила да го каже судбоносното „да“.

Со оглед на тоа што на почетокот на годината го доби второто дете, сега се шпекулира дека таа донела одлука да влезе во брачните води.

Иако во Абу Даби носеше ексцентричен фустан кој ја истакна нејзината витка линија, токму ова парче накит привлече најголемо внимание.

Да потсетиме, во 1993 година Наоми беше на прагот да се омажи за Адам Клејтон, басистот на групата U2. Подоцна се вери со Флавио Бријаторе, бизнисмен од Италија, но љубовта траеше до 2002 година.

Слични содржини