Се влошува епидемиолошката состојба во Словенија, туристите збунети од предупредувањето

од desk4

Се влошува епидемиолошката состојба во Словенија. Потврдени се 111 инфекција со коронавирус во последните 24 часа.

-Препорачувам секој што ќе замине на одмор во странство да се врати до 15 август“, рече Милан Крек, раководител на словенечкиот институт за јавно здравје, одговарајќи на новинарско прашање за опасностите од новиот бран поради варијантата Делта.

Министерот за здравство Јанез Поклокар, на Словенечката телевизија објасни дека Крек сакал да ги предупреди оние што заминуваат во странство, дека ниту една земја, па дури ниту оние со поголема вакцинација од Словенија, го достигнале потребниот колективен имунитет или посакуваното ниво на вакцинација, што би ги заштитило луѓето од заразна варијанта. Тој вели дека предупредувањето треба да се сфатат како желба наесен да нема затворање на образовниот систем, како минатата и оваа година.

Поинакво е толкувањето на главниот епидемиолог во владиниот експертски тим Матеја Логар, кој вели дека Крек сакал да нагласи дека граѓаните на одмор треба да се однесуваат одговорно во контактот со луѓето од различно потекло и да избегнуваат ризични собири.

-Ако се однесуваме на безбеден начин, тогаш можноста за внесување на вирусот во Словенија е помала. Апелирам до сите да се однесуваат одговорно и на годишен одмор и да ги почитуваат основните мерки, за да можат да заминат на одмор по 15 август, изјави Логар за медиумите.
Владата објави дека 111 нови инфекции биле потврдени за 24 часа, значително повеќе од претходниот ден кога имало 88, а најголем број на инфекции за еден ден по 15 јуни. Некои други епидемиолошки податоци исто така се влошуваат. Во Словенија, половина од населението ја прими првата доза, а 43,9 проценти беа вакцинирани со двете дози.

Слични содржини