По неуспешниот обид за воен удар во Турција се слушаат какви ли не заговорнички теории. Експертот за турските прашања Кристијан Бракел сепак е убеден дека искуството за преврат не е инсценирано од Ердоган.
Дојче веле: Од саботата наваму постојано се појавуваат фотографии на провладините демонстранти кои го слават спречувањето на обидот за воен удар во Турција. Се слушаат ли и други гласови по улиците на Истанбул?
Кристијан Бракел: Има и многу критични гласови, но не по улиците, туку на социјалните мрежи. Земјата е длабоко поделена. Тоа се чувствува најдобро на Твитер, каде во моментов се забележуваат најмногу два хаштага: со едниот се инсистира на “смртна казна на пучистите” – зад него очигледно стојат турски националисти. А вториот се вика “Немаше никаков пуч. Сè е само театар”, читај: сè е инсценирано.
Дојче веле: Јавно многу луѓе се сомневаат дека лично претседателот Ердоган стои зад овој исклучително непрофесионално одржан обид за државен удар. Ќе се одрази ли тоа на нивниот однос кон владата?
Старџен најави нов референдум за независност на Шкотска за догодина
Кристијан Бракел: Во Турција постојано се слушаат какви ли не заговорнички теории. Па тоа не е ништо ново. Најважно во случајот е следново: дека довербата кон власта меѓу оние кои не се приврзаници на владејачката Партија на правдата и развојот, е толку ниска што тие не ја исклучуваат и оваа опција: Владата да го инсценирала овој театар.
Дојче веле: А вие што мислите за ова? Допуштате ли дека Ердоган може да е поврзан на некој начин со овој обид за државен удар?
Кристијан Бракел: да се потсетиме неговото прво соопштение емитувано од СНН-Турк: Ердоган се наоѓа во нешто како фотокабина и зборува на својот ајфон. Не мислам дека еден претседател, кој е свесен за целата претстава, би го избрал токму овој начин да се обрати кон луѓето. Веројатно, ако беше свесен, требаше да користи сосема други канали. Неговата изјава не изгледаше наместена, ниту пак Ердоган зрачеше со сила. Тој не изгледаше како господар на ситуацијата. Значи, според мене, верзијата за исценировка нема како да биде потврдена. Приврзаниците на заговорничките теории користат аргументи кои јас едноставно не ги прифаќам како докази. Така на пример за успешен пуч во реалноста не требаат многу луѓе. Доволно е само да се грижиме за тоа останатите дединици од армијата и силите за безбедност да стојат доволно далеку од случувањата и да не се мешаат. Делумно пучистите го направија тоа. Засега едноставно нема убедливи докази дека Ердоган може да е вмешан. Затоа ги сметам слични тврдења за крајно нереални.
Дојче веле: Која е вистината тогаш?
Кристијан Бракел: Наводите одат во насока која беше посочи и на импровизираната пресконференција на Ердоган на аеродромот: за почетокот на август е закажана годишната средба на раководството на армијата, на која обично се дискутира и кои воени лица ќе бидат унапредени или испратени во пензија. Не е исклучено некои од луѓето кои очекувале да бидат оштетени, да се организирале. Но тоа останува во сферата на шпекулациите, бидејќи сеуште знаеме премалку имиња.
Дојче веле: Ќе стане ли Ердоган посилен?
Кристијан Бракел: Она што се случи ја зацврсти сликата на Ердоган како човек кој може да се справи со сите проблеми и да ги држи работите под контрола. Тој уште еднаш е херој, способен да го надмине секој отпор, вклучувајќи од страна на старите елити на кои припаѓаат и турската војска. А тоа е важна порака до неговите партиски другари од исламско-конзервативниот политички спектар. Овие случувања ги заздравуваат енормно позициите на Ердоган. А тоа може да даде поттик на плановите за воведување на претседателски систем на управување во Турција – бидејќи сега многу луѓе од владејачката партија, кои до неодамна ја критикувале идејата, сега би биле многу поголеми шанси да ја поддржат.
Дојче веле: Досега се приведени околу 6 илјади лица, за кои се тврди дека биле вмешани на некакав начин во бунтот. Тие не се само војници – меѓу нив има исто судии и обвинители. Уште пред неуспешниот пуч Ердоган беше обвинуван дека гкористи недемократски средства. А сега? Каде се упатува Турција?
Кристијан Бракел: Ми се чини малку веројатно сите овие луѓе од судството да имаат нешто заедничко со обидот за преврат. Тоа се луѓе кои се поврзани со движењето на духовникот Фетхуллах Гулен, или се едноставно критичари на управувањето. Тоа што сега ситуацијата се користи, не е добар знак за Турција – а како што се тврди, список со имињата на оние критичари постои одамна. Всушност за ниедна земја не е добро да е управувана од човек кој не подлежи на никаква контрола. И не толку претседателскиот систем е проблем – и други земји имаат такво управување, а тоа дека паралелно се соборуваат овластувањата на парламентот и независноста на судството. Тоа што кругот на лицата кои донесуваат важни одлуки во земјата, се намалува постојано, а опозицијата е целосно задушена, не е добар знак за Турција.
Кристијан Бракел е исламовед и го води бирото на фондацијата “Хајнрих Боел” во Истанбул
