Се водат преговори за трансформација на РЕК Битола во електрана на природен гас

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Приодниот гас во целиот свет се смета за транзициско гориво кон целосно обновливи извори на енергија (ОИЕ), а токму поради тоа АД ЕСМ и Владата имаат контакти на високо ниво со еден од најголемите американски гиганти во делот на производство и инсталирање на постројки за производство на електрична енергија од гас за трансформација на РЕК Битола од електрана на јаглен на гас, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-За та цел годинава комплетно беше завршено гасоводното поврзување на Битола со гасоводната мрежа до објектот во Жидилово кој практично е единствената точка за прием на гас во нашата држава. До крајот на годинава ќе започне со изградба и гасоводот со Грција кој ќе овозможи уште еден извори  поврзување со гас. Со оглед на тоа дека во РЕК Битола постои инфраструктура, трафостаници и комплетна мрежа да може да биде инсталирано производство на електрична енергија од друг енергенс пред се гас нема да претставува проблем да се направи таа транзиција, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на топловодот во изградба во Битола.

Посочи дека на старите наоѓалишта на јаглен во РЕК Битола ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи кои, како што кажа, ќе дадат дополнителна електрична енергија.

Слични содржини