Се воведува „центарска картичка“

Картичката е планирано да биде електронска и уникатна за секој жител, со сопствен бар-код, и ќе можат да ја користат исклучиво жители на Центар, додека бенефициите ќе важат само кај правни субјекти регистрирани во општината.

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Во Општина Центар ќе се воведе „центарска картичка“ како дополнителна услуга за жителите, но и како директна поддршка и промоција на локалниот бизнис-сектор. Со оваа картичка граѓаните ќе добиваат попусти и поволности на одредени производи и услуги.

Картичката е планирано да биде електронска и уникатна за секој жител, со сопствен бар-код, и ќе можат да ја користат исклучиво жители на Центар, додека бенефициите ќе важат само кај правни субјекти регистрирани во општината.

Со картичката ќе можат да се добијат попусти во институции, како што се театри, музеи, галерии, локални бизниси од здравство, фармација, козметика, фитнес, правни услуги, угостителство, мода, велосипеди, храна и други, за граѓаните да добијат конкретни поволности за своите потреби.

Постапката за воведување се планира да започне во средината на јануари или почетокот на февруари, а пуштањето во употреба се очекува во март.