Од ЈСП „Скопје“ најавуваат дека од утре ќе почне да функционира и нова линија, „111“ (Сарај – Радуша).
– Почетна/крајна постојка во Сарај ќе биде на постојката на последна линија „2“, а во Радуша почетна/крајна постојка ќе биде сред село. Автобуси на линија „111“ ќе сообраќаат од понеделник до петок, по следниов возен ред :
Сарај : 5.35 ч, 7.05 ч, 11.10 ч, 13.40 ч, 15.20 ч и 19.30,
Радуша: 6.15 ч, 7.55 ч, 12 ч, 14.30 ч, 16.10 ч и 20.20 ч.- велат од претпријатието.
Инаку, според надлежните, новата автобуска линија се воведува по барање на локалното население, и по изготвената анализа на терен која укала дека барањето е основано, односно како што велат оттаму, исполнети биле сите услови за воведување нова линија на посочената релација согласно критериумите од Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје.
– Новата линија значително ќе ја подобри поврзаноста на населеното место Радуша со Сарај и жителите на Радуша ќе добијат редовен превоз.Во меѓувреме, ЈСП „Скопје“ во соработка со Град Скопје, разгледува и други слични барања, со цел јавниот превоз да стане подостапен за сите граѓани, особено оние населени во досега заборавените места – потенцираат од јавното сообраќајно претпријатие.
Согласно Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, јавниот превоз од утре ќе функционира по делничен, зимски возен ред, а во сообраќајот ќе бидат вклучени и зголемен број возила во споредба со изминатите речиси три месеци.