Се воведува системот за е-фактура

од Nikola Popovski
23 прегледи

Управата за јавни приходи конечно го најави воведувањето централен систем на е-фактура кој ќе ја намали даночната евазија и ќе ја подобри контролата на паричните текови во земјата. Според премиерот Христијан Мицкоски, оваа е-фактура како процедура ќе значи да нема фантом фирми коишто 90, 100, 200, 300 милиони евра ќе украдат од Буџетот и од граѓаните, ако добро се применува.

-Така што за да можеме попластично сето тоа да го разбереме можноста да ни се случуваат фантом фирми коишто ќе добиваат поврат на ДДВ и преку ноќ ќе бидат отуѓувани на фантом луѓе повеќе со овој начин на функционирање ќе биде тешко или речиси невозможно, истакна Мицкоски.

Како што рече, во 2015 година се започна со овој процес, но бил одложуван.

-Конечно денес после повеќе од 10 години добива почеток и од она што го добивме на брифингот пред оваа прес-конференција е дека првиот кик оф, значи почнувањето со софтвер компанијата за имплементација ќе почнат 1 јули. Така што уште еднаш нека е со среќа и да биде со успех примената и имплементацијата на оваа процедура, констатира Мицкоски.

Слични содржини