223
Министерот за економија, Крешник Бектеши денес изјави дека за првпат се воведува парична помош за најранливите категории на лица со примања, за справување со енергетската криза и поскапувањето на електричната енергија.
-Ќе бидат доделени 60 милиони денари за најранливите категории на граѓани, односно предвидени се ваучери од 600 и 800 денари во зависност од која категорија спаѓаат граѓаните, информира Бектеши на прес-конференција, која се уште е во тек.
Бектеши додаде дека оваа мерка е наменета само за домаќинствата кои имаат ниски примања.
-Оваа мерка е продолжување на мерката на МТСП, со која 36.000 домаќинства и 9000 пензионери добиваат по 1000 денари, рече Бектеши.