Се вплеткал во опремата и паднал на земјата: Пилот на балон почина во Вермонт (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Пилот на балонот во кој имало пет лица почина денес откако се вплеткал во опремата што се наоѓа под корпата со балонот, а потоа паднал на земја, објави полицијата во американската сојузна држава Вермонт.

Балонот полетал од аеродромот Пост Милс, за да слета и да ја допре земјата по некое време, а еден патник испаднал од него, но не бил повреден, пренесе АП.

Во тој момент, пилотот на балонот, во обид да му помогне на патникот, се заплеткал во опремата прикачена на корпата, а кога балонот повторно се кренал, тој паднал на земја.

Откако пилотот се повредил, тројцата преостанати патници во балонот чекале да застане, а кога тој се фатил во гранките, успеале да излезат неповредени од него.

Починатиот пилот имал повеќедецениско искуство

Пилотот кој беше трагично повреден беше идентификуван како Брајан Боланд (72). Луѓето што го познаваа велат дека имал повеќе од 30 години искуство, пренесуваат американските медиуми.

Слични содржини