Се врачуваат првите 100 мобилно издадени пасоши преку Амбасадата во Лондон

од Берта Китинска
213 прегледи

Во процес на врачување првите сто биометриски пасоши на Република Северна Македонија, мобилно издадени преку Амбасадата во Лондон!

Со воспоставување на базната станица во оваа амбасада, се поедностави и скрати на само три недели, постапката на стекнување со нова патна исправа за нашата дијаспора во Обединетото Кралство, која претходно траеше четири до шест месеци.

Амбасадорката, Александра Миовска посочи дека оваа е историски момент за конзуларната пракса и дека го радува позитивниот фидбек (feedback) на нашите државјани кои живеат и работат на наведеното подрачје на светот.

„Овој е историски момент за конзуларната пракса во оваа амбасада. Нашите граѓани кои живеат и работат во Англија, Шкотска, Велс или Северна Ирска од сега можат да ги обноват своите пасоши на многу поедноставен, поефикасен и побрз начин. Ме радува што првичните впечатоци и реакции од сите кои ја посетија амбасадата изминативе 4 недели се позитивни. Тој е најсилниот мотив и предизвик за тимот на амбасадата да продолжи и натаму да биде ефикасна служба во корист на граѓаните“, посочи Миовска.

Целта на проектот на Министерството за надворешни работи за воспоставување базни и мобилни станици во нашите дипломатски и конзуларни претставништва е исполнување на потребите на дијаспората, која со години наназад се жали за споро издавање на патни исправи. Подобрувањето на услугите на нашите ДКП-а за дијаспората е висок приоритет на МНР, чија интенција е следниот период овој значителен проект да се прошири со поголем број ДКП-а.

Слични содржини