„Се врати на боите по црнината“: Прво појавување на Кејт Мидлтон по смртта на кралицата (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
333 прегледи

Кејт Мидлтон го посети породилното одделение во болницата во округот Ројал Сари во Гилдфорд каде што разговараше со медицинскиот персонал за сеопфатната поддршка што болницата им ја дава на бремените жени и новите мајки.

Тоа беше прво самостојно официјално појавување на Кејт Мидлтон по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Принцезата од Велс изгледаше елегантно во жолт фустан од британската highstreet модна марка „Карен Милен“.

Станува збор за миди модел со плисиран долен дел, додека дизајнот на горниот дел се истакнува со тесно V-деколте, засечена јака и кратки ракави со лесен пуф. Фустанот има и ремен изработен од истиот материјал, што дополнително ја истакнува женската фигура.

Слични содржини