Се врати смртоносната ебола: Дестици мртви

од desk2
86 прегледи

Во новата епидемија на ебола во Конго умреа 49 лица, а уште најмалку две илјади се под надзор на лекар поради сомнеж дека се заразени со опасниот вирус.

Епидемијата е прогласена на 1 август на северот на Конго, каде почетно се заразени 90 лица.

Според новинските агенции, лекарите до сега регистрирале 2.000 луше кои биле во контакт со заразените, и се проверуваат дали и тие се заболени од ебола.

Од 1976 година наваму, Конго имаше десет епидемии, а во претходната загинаа 33 лица.

Најголемата епидемија на ебола која ја памти светот беше во 2013 година кога умреа речиси 11.500 луше, од што најмногу во Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија.