Рано утринава во Скопје се врати делегацијата составена од Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ и претставници од невладините организации кои учествува на Конференцијата за човекови права и Светската парада на гордоста која се одржа во Копенхаген, Данска. Македонската делегацијата составена од заменик – координаторот Тимчо Муцунски, и членовите Снежана Калеска – Вачнева, Љупчо Пренџов и Моника Зајкова, и од претставничката на Коалицијта Маргини Елена Петровска, ја предводеше координатораката, пратеничката Маја Морачанин.
Благодарни, горди и среќни сме што сме во можност да бидеме дел од ваков глобален и особено значаен настан, пишува на фб страната на Маргини.
За придобивките од уечството на нашата делегација во Копенхаген, правнчката на „Маргини“ Драгана Дрндаревска за Локално вели дека се големи бидејќи се помага во добивањето на видливост на ЛГБТ заедницата во Македонија.
– Со учество на ваквите конференции и паради на гордоста, се стекнуваат искуства од колегите од развиените земји но, добиваме и инспирација како похрабро да продолжиме во унапредувањата на правата на ЛГБТ луѓето во нашата земја. Во Данска нашата делегација составена од пратениците учествуваше на Светската парада на гордоста, па оттука очекуваме присутво и на скпската парада на годоста и на пратениците од опозицијата, рече Дрндаревска.
Дрндаревска посочи дека во моментов приоритено барање на ЛГБТ заедницата е донесувањето на Законот за матична евиденција, со кој се овозможува правно признавање на родот, односно промена на документите на трансродовите луѓе.
– Законот е обврска која треба да се спроведе по пресудата „икс“ против Македонија пред Евдропскиот суд за чвоекови права, со што и се наложи на земјата донесување на брза транспарентна постапка за правно признавање засновано на самопределување, рече Дрндаревска.
На Форумот за човекови права свое обраќање како панелист имаше координаторката на Групата, пратеничката Маја Морачанин, која зборуваше за улогата на Интерпартиската група во унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето и нејзините активности.
-Успешните резултати на Групата се должат на натпартиската соработка, како и искрената континуирана соработка со граѓанските организации, рече Морачанин.
На конференцијата изјава за состојбата на правата на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија и регионот даде и пратеничката Моника Зајкова.
-РСМ бележи прогрес во делот на унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето, но имаме уште многу работа во оваа област, рече Зајкова.
Според пратениците воспоставена е соработка и со пратеници од Европскиот парламент и парламентите на земјите членки на ЕУ а била договорена и посета на нашата земја од страна на Европски пратеници со цел размена на искуства во делот на унапредувањето и гаранциите на човековите права.
На настанот беа присутни преку 150 пратеници од 53 држави во светот.
Б.Т.