406
Денеска во раните утрински часови започаа координативни состаноци за подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, во текот на вчерашниот ден болничките координатори од КАРИЛ дијагностицирале млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучиле да ги донираат органите.
Благодарение на нивната хуманост денес еден пациент ќе добие срце и шанса за нов живот. Уште една млада пациентка се подготвува да прими бубрег. Станува збор за исклучително тешки операции, на моите колеги им посакувам многу успех во работата. Дополнително од донорот ќе бидат експлантирани и коскени ткива, се вели во објавата на Филипче.