Се за синот на јужнокорејската танчерка Ким Џонг Ун ги сака филмовите со Жан Клод Ван Дам

од desk3
93 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е меѓу најмладите државни водачи во светот. Тој има апсолутна власт и располага со едно од најмоќните оружја на планетата. Пробата на хидрогенската бомба денес (3 септември), која најверојатно е најмоќната, сопственост на Северна Кореја, забележува уште една фаза во кампањата која севернокорејскиот лидер неуморно ја води, земјата да стане нуклеарна сила од која сите ќе се плашат. Тој целосно ги игнорира предупредувањата на меѓународната заедница, економските санкции и милитантните закани на американскиот претседател Доналд Трамп за можен воен удар.

Кога во декември 2011 година го наследи својот татко Ким Џонг-ил, Ким Џонг Ун беше на 20-тина години (неговиот датум на раѓање не е познат). Стручњаците на него  гледаа како на ранлив човек, без искуство, кој би можел да биде манипулиран од поискусните функционери. Но тој брзо се етаблира како суров човек кој е подготвен да го скрше секој оној што не се сложува со него и зазеде агресивно и провокативно однесување кон меѓународната заедница.

Во 2013 година тој заповеда да го егзекутираат неговиот влијателен чичко Џанг Сон-тхек, обвинет за предавство. Има големи сомневања дека тој стои зад спектакуларни убиство на својот полубрат Ким Јон Нам во февруари во Малезија. По смртта на неговиот татко, голем број експерти очекуваа Ким Џонг Ун да се потпре на клан од моќни соработници. Но оваа ситуација продолжи само додека Ким Јонг Ун се расправааше со оние што можеа да бидат закана за него. По погубувањето на неговиот чичко, голем број високи претставници станаа жртва на чистки. Во 2016 година Ким Џонг Ун стана претседател на Комисија за државни работи, која е над сите власти во Северна Кореја, и така ја доби својата апсолутна  контрола.

Ким е син на третата сопруга на татко си – Ко Јон хи, јужнокорејската танчерка, родена во Јапонија, за која, се тврди, дека починала од рак во 2004 година. Некое време тој учеше во Швајцарија, каде што неговата тетка по мајчина линија  Јон Сук и нејзиниот маж се грижат за него. Училишните претставници, како и негови пријатели, кои според печатот не знаеле дека тој е член на владејачката фамилија во Северна Кореја, на него се сеќаваат како срамежливо момче, заљибемп во  филмовите со Жан Клод Ван Дам. Во интервјуто за The Washington Post тетла ,и Јон Сук, кој избега во 1998 година во САД, го опиша како експлозивно и нетолерантно момче. Бил голем обожавател на кошарката, па дури и според неговата тетка спиел со топка. Денис Родман, поранешната ѕвезда на “Чикаго Булс” го посети неколку пати Пјонгјанг и е еден од ретките западњаци, кој се сретнал со Ким. Уште од 8-годишна возраст Ким Џонг Ун знаел дека ќе стане лидер, но почнал да се појавува на политичката сцена дури во 2008 година, откако неговиот татко добил мозочен удар. Во тоа време режимот почна со  подготовките за новата династиско предавање на власта. Татко му Ким Јонг Ил бил подготвуван да ја преземе еден ден власта со децении пред смртта на неговиот татко, основачот на Северна Кореја Ким Ил Сунг во 1994. И покрај недостатокот на искуство Ким Џонг Ун покажа дека е приврзаник на дипломатијата, применувана од дедо му и татко му: предизвикување на серија на кризи, кревање на влоговите и упатување на предизвик на меѓународната заедница. Ким Ил Сунг, сеуште е многу почитуван во Северна Кореја – на што изгледа се потпира неговиот внук: тој го имитира во облекувањето, фризурата, манирите и начинот на зборување па дури и во ракописот. Но, тој, исто така, се разликува од спорното наследство на неговиот татко, за време на неговото владеење од  глад умреа  стотици илјади, а можеби и на милиони луѓе. Веќе речиси шест години Ким Јонг Ун е на власт, но меѓународната заедница не знае многу за него. Тој никогаш не направил официјална посета во странство. За бракот беше соопштено дури во јули 2012 година со објавување на фотографии на младата Ли Сол Чжу придружувајќи го на официјални настани. Јужнокорејскиот печат соопшти дека во почетокот на годината тие се здобиле со трето дете.