Се задолжуваме 300 мил.евра- колку за ФЕР Избори !

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Политички промислен но еконосмки нелогичен,вака економистите го толкуваат ребалансот на буџетот кој  го предложи владата. Според нив не е случаен моментумот во кој се предлага прекројување на државната каса, пред избори , сред лето ,ден по потпишување на довогорот за излез од политичката криза и 2 месеци пред вракање на опозицијата, анализира Телма

pari_1_1

Овој ребаланс е доказ дека владата и покрај договорот нема намера да прави фер избори.Зошто не во септемрви кога ке дојде опозицијата?За да ги смени расходите за да преку есен го злоупотреби за избори,вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов

Ребалансот предвидува зголемување на приходите за 58 мил евра ,зголемување на расходите за 85 милиони евра ,продлабочување на буџетскиот дефицит и намалување на економскиот раст од 4 на 3,5 %. Нелогично е вели Узунов,да се намалува БДП  во услови кога приходите растат. Ако приходите се добри зошто се намалува растот?Затоа што се доближува до реалната бројка а таа не е 3,5 добро е акое 3 %,вели Узунов

Стопанствениците пак очекуваат капиталните инвестиции и натаму да бидат главен двигател на економијата

Според мин за финансии Зоран Ставревски со ребалансот се предлага кратење на пари за одредени проекти а се додаваат на други кои се поприоритетни како студентски дом,спортски сали,гасоводна мрежа и др  без да се направи изместување на макроекономските параметри.

Буџетот за годинава, со измените и дополнувањата за кои пратениците ќе расправаат од четврток, тежи над три милијарди евра – 3,040 милијарди евра. Со ребалансот на буџетот растат и приходите и расходите, но се зголемува и минусот на сметката на Владата.

Претходно, Буџетот за 2015 беше планиран со дефицит од 300,7 милиони евра.
“Финансирањето на овој дефицит и обврските по основ на домашниот и надворешниот долг, се планира да се изврши со комбинација на домашни и странски извори на финансирање, со цел да се постигне оптимална комбинација од аспект на трошоците за финансирање”, стои во образложението на Ребалансот доставан до Собранието.
Притоа, Владата го зголемува домашното задолжување со долгорочни обврзници. Беше планирано на банките и на други домашни позајмувачи, Владата да им продаде државни обврзници во износ од 83,5 милиони евра, но со Ребалансот е предвидено издавање на долгорочни обврзници на износ од 383,6 милиони евра. Колку за споредба, годинава по основ на државни обврзници Владата треба да врати вкупно 100 милиони евра.