СЕ ЗАКАНУВА НУКЛЕАРНА КАТАСТРОФА: Украинците тврдат дека Русите ја минирале централата Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska

Уништувањето на Каховка на 6 јуни предизвика катастрофална поплава, но и го загрози снабдувањето со вода потребна за ладење на реакторите на електраната и потрошеното гориво, обвинуваат Украинците, пишува „Вашингтон пост“.

Предупредувањата од украинските власти и нуклеарните експерти за потенцијална катастрофа во југоисточна Украина станаа итни по пукањето на браната. Всушност, украинските власти се повеќе предупредуваат дека руските сили планираат да ја кренат во воздух нуклеарната централа Запорожје.

Генералот Кирил Буданов, кој ја предводи воената разузнавачка служба на Украина, тврди дека Русите поставиле експлозиви во близина на четири од шесте реактори и разнеле базен за ладење што се користи за снабдување со вода за ладење на реакторите и потрошено гориво.

Во петокот, воената разузнавачка агенција додаде дека тројца руски надзорници се евакуирани и дека украинските вработени кои потпишале да работат за рускиот државен конгломерат за нуклеарна енергија се очекува да заминат до 5 јули. Во извештајот исто така се наведува дека на другиот персонал му било кажано „да ја обвинат Украина во случај на вонредна состојба“

Ихор Клименко, кој раководи со Министерството за внатрешни работи, најави обуки на сите нивоа на власта за справување со евентуална нуклеарна катастрофа, а истовремено ги повика жителите да останат смирени, на што се чини дека го послушале и нема поголема паника во земјата.

Слични содржини