Се заканувал со пиштол поради недоразбирање во сообраќај

од Nikola Popovski

Полицијата информира дека жител на Скопје на возраст од 25 години пријавил инцидент кој се случил на булеварите „Борис Трајковски“ и „Коцо Рацин“.

Според пријавата на Д.П, вчера вечер додека се превезувал во автомобил „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(25) од Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот едно лице кое управувало автомобил „форд фокус“ им се заканувало со пиштол.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини