Се запали комбе со плински боци, влета во пешаци

од desk2
121 прегледи

Комбе кое превезувало плински боци во Шангај, утрово се заби во пешаци, при што повредени се 18 луѓе, објавија локалните власти на Кина.

Шангајсата полиција соопшти дека сударот го предизвикал 40-годишен возач на комбето, кој додека возел пушел, и без да сака предизвикал палење на гасот кој го превезувал.

Полицијата ја отфрла можноста за намерен терористички акт во центарот на финансиската метропола во која живеат 25 милиони луѓе.

Се наведува дека возаќот и уште две од шесте лица кои се возеле во комбето се сериозно повредени. Тој немал кривично досие и работел за локална компанија за производство на метали. Полицијата против него спроведува истрага за пренесување опасни материјали.