Се запали најголемата депонија за гуми во светот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Се запали најголемата депонија за гуми за автомобили во светот. „Гробиштата“ на кои се проценува дека „почиваат“ повеќе од седум милиони фрлени гуми се наоѓа во близина на градот Ал Сулаиби во Кувајт, а огнот е видлив дури и на сателитски снимки.

Видеото на кое се гледа пламенот се прошири на Интернет и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а откако стана вирално во вторникот, го погледнаа милиони луѓе.

Видеото покажува густ црн чад како се крева кон небото, а многумина беа загрижени за загадувањето што ќе го предизвика, но и за климатските промени.

„Гробиштата за гуми во Кувајт се запалија. Само кога мислите дека ситуацијата со временските услови не може да биде полоша … Не можам ни да замислам што ќе направи ова со нашиот воздух “, напишал еден корисник на социјалните мрежи.

Слични содржини