354
Рускиот борбен брод „Проворни“,кој се гради во бродоградилиштето Севернаја верф, целосно бил зафатен од пламен, а во гаснењето на пожарот учествуваа речиси 170 пожарникари, соопштија властите.
Локалните власти, исто така, соопштија дека тројца работници се повредени. Формирана е комисија која во наредниот период ќе се занимава со причините за пожарот.
Овој воен брод, е последниот во серијата бродови што се градат на бродоградилиштето. Тој требаше да биде предаден на руската морнарица на крајот на следната година.