Руски товарен брод под истрага во Германија за можно кршење на санкциите

Бродот е во германското пристаниште Росток од 4 март кога морал да застане непланирано поради оштетување на пропелерот откако испловил од Санкт Петербург на 7 февруари.

од Бети Божиноска

Товарен брод од Русија што непланирано впловил во германското пристаниште Росток е под истрага бидејќи превезувал товар поврзан со можното кршење на санкциите наметнати на Москва поради војната во Украина, соопштија денеска германските власти, пренесува „Ројтерс“..

Германската царинска служба го задржала бродот „Атлантик нејвигејтор II“, со кој управува канадски CSAL и плови под знамето на Маршалските Острови. Бродот превезува 251 контејнер со дрво од бреза, што е предмет на санкциите на ЕУ против Русија, соопшти германското обвинителство.

„Во тек е истрага против капетанот на товарниот брод поради првично сомнение дека го прекршил Законот за надворешна трговија и плаќања“, изјави портпаролката на Јавното обвинителство во Росток.

Како што неделава објавија германските медиуми, бродот натоварен со товар наменет за САД, носел и збогатен ураниум, кој е изземен од санкциите на ЕУ и САД.

Бродот е во германското пристаниште Росток од 4 март кога морал да застане непланирано поради оштетување на пропелерот откако испловил од Санкт Петербург на 7 февруари.

Ураниумот е изземен од санкциите на ЕУ и САД наметнати на Русија, додека увозот на руско дрво е санкциониран според прописите на ЕУ, но не и во САД.

Слични содржини