Кралството Бахреин објави дека ги прекинува дипломатски односи со Иран, откако тоа го стори Саудиска Арабија. Иранските дипломати имаат 48 часа да ја напуштат земјата.
“Кралството Бахреин донесе одлука за прекин на дипломатските односи со Исламската Република Иран и бара од сите вработени на дипломатската мисија да го напуштат кралството во рок од 48 часа. Кралството исто така ја затвора својата дипломатска мисија во Иран и ги отповика сите нејзини вработени”, објави агенцијата BNA , цитирана од РИА Новости.
Како што објасниле властите, одлуката е поврзана со интервенцијата на Иран во внатрешните работи на Бахреин и арапските монархии во Персискиот залив, со “подлиот напад” врз амбасадата и конзулатот на Саудиска Арабија во Иран и повикува да се заштити безбедноста во регионот.
Денеска и Обединетите Арапски Емирати објавија дека го отповикуваат амбасадорот во Иран и ги намали дипломатските односи со Техеран, поради “мешање” во внатрешните работи на земјите од Персискиот Залив. ОАЕ одлучи да го намали “дипломатското претставништво до ниво вршител на должноста амбасадор и да го намали бројот на иранските дипломати во земјата”, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи, пренесе агенција WAM.
Судан денеска исто така ги прекина дипломатските односи со Иран, пренесе Франс прес.
Саудиска Арабија налева масло на огнот
Во неделата министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адел ал Џубејр ги прекина дипломатските односи со Иран поради “откритија за мешање во внатрешните работи на Кралството, непријателски дејства во регионот и напад врз амбасадата на кралството во Техеран и конзулатот во градотот Машхад”.
Инцидентите се случија во саботата во рамките на протестна акција против одлуката на Саудиска Арабија да го егзекутира познатиот шиитски свештеник Нимрим ан Нимрим. Соопштението за неговата егзекуција предизвика незадоволство меѓу шиитските политички и религиозни дејци на исламскиот свет. Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази обезпокоеност од она што се случило.
Проповедникот Нимрим ан Нимрим беше уапсен од властите на Саудиска Арабија во 2012 година по протести во источниот дел на земјата. Во 2014 година тој беше осуден на смрт под обвинение за поттикнување на омраза, непослушност кон кралот и создавање на терористичка ќелија со цел напади врз полицајци.
