Завршено е испрашувањето на осомничените приведени во акцијата во Куманово на 9ти мај годинава, потврдуваат за 24 Вести од Скопското јавно обвинителство. Откако ќе ги приберат сите докази од обвинителството ќе донесат одлука кога ќе биде покренато обвинението.

„Истрагата за предметот е во тек. Завршено е испитувањето на осомничените . Во моментов надлежниот обвинител прибира и други докази во насока на расветлување на настанот, по што ќе следи донесување на одлука за натамошно постапување.“, велат од Јавно обвинителство на РМ
Сепак, дел од осомничените не дале исказ бидејќи не им биле покажани доказите против нив со кои располага обвинителството. Исказ дал еден полицаец кој живеел во Диво Насеље и бил уапсен на денот на акцијата, но и на него не му биле приложени доказите.
Повеќе ТУКА