312
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, не беше особено среќен по поразот на домашен терен со 0:1 од Кадиз во натпревар од 32. коло на Ла Лига.
„Излеговме да победиме, но не ги реализиравме можностите што се отворија пред нас. Денеска практично се збогувавме со шансите за освојување на титулата. Мислам дека максималната одговорност за ова паѓа на мене. Тимот мораше да покаже повеќе желба и верба, но мора да продолжиме понатаму. Сакавме да се бориме до крај за титулата, но не успеавме“, посочи тренерот на „Лос Кулес“.
„Сега нашата цел е да бидеме подобри и да обезбедиме пласман во Лигата на шампионите следната сезона. На Барселона и треба единство за да ги постигне своите цели“, додаде тој.