„Се зема обичен брис“: Започнува скринингот кај учениците

од Берта Китинска
638 прегледи

Денеска  ќе започне скринингот на учениците во 9 средни училишта во Скопје.

Во текот на денот ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа, информираат од Министерството за здравство.

Министерот вели  дека на овој начин евентуално би откриле асимптоматски носители дека

-Не е тоа ништо страшно, обичен брис се зема кај децата исто како брисовите и за детектирање на други причинители на горнореспираторни инфекции. Сега епидемиолошката ситуација е прилично мирна.Но, важно е да знаеме дали евентуално би откриле асимптоматски носители кај децата“, изјави пред извесно времен министерот за здравстворече Филипче.

Надлежните објаснуваат дека тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута.

„Тестирањето трае помалку од една минута, тоа е безболно и безбедно, и е како секое земање брис од грло или носна шуплина. Скринингот во училиштата ќе овозможи да се добијат релевантни податоци за можното асимптоматско ширење на вирусот ковид-19, односно дали се шири низ училиштата и каква е трансмисијата“, велат од Министерството за здравство.

Со скринингот ќе бидат опфатени 8 200 деца од основните и средните училишта во земјава.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719.

Слични содржини