Се зголемува бројот на брзи тестови за Ковид 19 во Битола

276 прегледи

Следната недела во Битола како што најавија, ќе се зголеми бројот на тестирања со брзи тестови за Ковид-19, како важен предуслов за рана детекција на вирусот и брза интервенција од страна на здравствениот персонал.

Инаку, општинскиот штаб за заштита и спасување по денешната седница посочи дека Општина Битола и јавните претпријатија ги завршиле своите активности за подготовка на теренот за поставување на модуларните болници во Битола.

„Зголемениот број новозаболени што се појави во последните месеци, во моментот е во мала стагнација, но заштитата и почитувањето на мерките и понатаму се клучни за подобрување на епидемиолошката состојба. Идната недела ќе се зголеми бројот на тестирања со брзи тестови што е важен предуслов за рана детекција на вирусот, како и за брза интервенција од страна на здравствениот персонал“, велат од Кризниот штаб.

Исто така, штабот апелираше во празничниот период да има одговорно однесување заради лична и заштита на здравјето на другите лица.

Слични содржини