Се зголемува бројот на случаи и на лица кои се хоспитализираат, сите модуларни болници се поставени овие денови почнува да се користи во повеќе градови, изјави министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на Сител.
-Во изминатите денови имавме комуникација со Комисијата за заразни болести и ги следиме бројките во однос на тоа дали ќе се зголемуваат или ќе се задржат на едно плато и дали ќе биде слична слика како во ноември засега не е така бидејќи во тој период забрзано се пополнуваа болничките кревети. Следната недела ќе разговараме за тоа дали ќе биде потребно да се воведат нови мерки, изјави Филипче.
Тој уште еднаш упати апел до граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки, бидејќи бројот не се зголемува само од присуството на британскиот сој туку и од неносењето на заштитни маски изминативе денови откако времето стана потопло.