209
Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија во понеделникот се искачи на 48, соопшти штабот за катастрофи во префектурата Ишикава. Официјални лица велат дека бројот на жртви би можел да продолжи да расте, јавува Би-Би-Си.
Покрај тоа, околу 500 луѓе се заглавени на паркингот на аеродромот Ното во Јапонија, откако зградата на терминалот претрпела големи оштетувања во вчерашниот силен земјотрес.
Патниците чекаат во автобуси и други возила, а им е обезбедена храна и ќебиња, јавува јапонската јавна телевизија NHK.
Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, во понеделникот ја погодија јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море.