Се зголемува бројот на заразени во САД

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Вкупниот број заразени во Соединетите држави надмина два милиони, а 14 држави и Порто Рико се соочуваат со рекордно зголемување на случаите во последните седум дена.

Иако некои држави велат дека тоа е поврзано со зголемувањето на бројот на тестирани, многу од нив, како Алјаска, Аризона, Тексас, Калифорнија, Флорида, Кентаки, Њу Мексико, Северна Каролина, Тексас, беа меѓу првите што ги ублажија мерките за физичко оддалечување.

Во Јужна Каролина, која забележа еден рекорден број нови случаи во текот на вчерашниот ден, отворени се спортски сали, ресторани и салони, пренесува „BBC“.

Во неделата во Флорида, повеќе од 1.000 нови случаи на Ковид-19 беа регистрирани веќе петти ден по ред, додека Аризона се соочува со зачудувачко зголемување на заразените.