270
Општина Охрид најави повисоки цени и поквалитетна услуга во такси превозот во Охрид.
Според одлуката, од 1 мај, стартната цена ќе изнесува 50 денари, а за секој нареден километар ќе се наплаќа по 35 денари во периодот од 5 до 23 часот и 45 денари од 23 до 5 часот наутро.
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, најави дека проблемот со лиценцирани и нелициенцирани такси превозници ќе се решава со жолти таблици, кои треба да се заменуваат тековно.
-Цената е повеќе од пристојна со која се согласуваат сите. Инспекциски служби ќе си ја вршат својата работа и да овозможиме да бидеме достапни и пристапни. Ќе биде извршено и баждарење на таксиметрите, рече Пецаков.