Се зголемуваат обработливите површини: Нови 5.722 хектари земјиште за храна и стратешки култури

од Берта Китинска
235 прегледи

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство за земјоделство шумарство и водостопанство преземаат мерки за зголемување на земјоделското произвдство што во време на глобална економска криза и недостиг на основните прехранбени продукти на светскиот пазар, вели Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделие на СДСМ.

Тој посочува дека веќе е распишан Јавен повик за доделување на слободно земјоделско земјиште над три хектари.

-Со овој Јавен повик на располагање ставаме нови 5.722 хектари земјоделско земјиште за обработување на стратешки култури, односно пченица, пченка, јачмен, сончоглед, рж, ориз, овес, маслодајна репка, тритикале и добиточен грашок.Овие култури се особено важни кога стануваат недостапни на светскиот пазар како последица од агресијата на Русија врз Украина.Со оваа мерка опфатени се 14 региони во државата каде успеваат овие култури, односно се ставаат на располагање околу 700 целини на земјоделско земјиште над 3 хектари.Начинот на доделување на земјиштето ќе се врши преку електронско јавно надавање, рокот за аплицирање е 20 дена, а целокупната постапка со заокружување на јавното надавање би траело 30 дена, вели Димковски.

Тој посочува дека помошта и поддршката на земјоделците останува врвен приротет за Владата предводена од СДСМ.

Слични содржини