Себастијан Курц и Моника Белучи – гости на 99-годишнината од Стопанската комора

од Nikola Popovski
304 прегледи

Утре Стопанската комора на Македонија слави  99 години,па по тој повод на прославата решиле да ја „поканат“ големата филмска ѕвезда Моника Белучи.

„На прославата ќе бидат присутни и австрискиот канцелар Себастијан Курц, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, бившиот премиер на Грција Алексис Ципрас, бившиот претседател на Хрватска Стипе Месиќ, милијардерите Бранко Роглиќ („Орбико“), Миодраг Мишковиќ („Делта холдинг“) и Рифат Хисарчиоглу од Турција, претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска и повеќе стотици други бизнисмени, министри, соработници и пријатели на Стопанската комора на Македонија“, стои во соопштението на Комората.

Од таму дополнуваат дека тие ќе бидат дел од специјалната емисија насловена „99 години Стопанска комора на Македонија“, која ќе се емитува на нашите телевизиски куќи, поради една и единствена причина – мерките што се во сила за заштита од актуелната пандемија предизвикана од вирусот корона.

„Од истите причини, за првпат во својата историја, Стопанската комора на Македонија и традиционалните  награди ги додели во компаниите, а не во своето седиште, во куќата на бизнисот, на „Димитрие Чуповски“ бр.13“, велат од Стопанската комора.

Според нив, Стопанската комора на Македонија претставува моќна организација, со признато реноме и дома и во регионот.

„Членките на Комората создаваат половина од вкупниот приход во приватниот сектор, односно 50,3 %; речиси половина од профитот во приватниот сектор, односно 47,6 % и секој трет вработен во приватниот сектор е вработен во компанија членка на нашата комора, односно 33,7 %.

Во апаратот на Стопанската комора на Македонија има тројца доктори на наука, 15 магистри и повеќе од 10-тина експерти. Но тие бројки се многу поголеми во членките, каде што има повеќе од илјада инженери, правници, економисти, меѓународно признати експерти, академици и луѓе со високи научни титули. Таква концентрација на умствен капитал нема ниту една друга институција. Сето тоа се остварува во услови на коморски плурализам и на доброволно членство. Коморскиот плурализам и доброволното членство се вистински доказ за нашата успешност, која на најпрофесионален начин е во функција на приватниот сектор во нашата држава.

Регионално, Комората во последните години двапати претседаваше со Асоцијацијата на балканските комори (асоцијација на 11 држави на Југоисточна Европа), а денес е успешен предводник на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) со седиште во Трст, кој настана во 2016 година во рамките на Берлинскиот процес на германскиот канцелар Ангела Меркел.

Можам да потврдам дека Комората е подготвена за новите предизвици, како што се дигитализацијата, зелената енергија, енергетската ефикасност, борбата против пандемиите и другите општествени зла и подготвени сме да се фатиме во костец со најгорливите проблеми на економијата“, изјавил Бранко Азески, претседател на Стопанската комора.

 

Слични содржини