Најмалку 300 000 австриски граѓани се со турско потекло.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц изјави дека турските собири за агитирање за претстојниот референдум за новиот устав на нашиот јужен сосед не се посакувани, пренесе ВВС.
Тензиите меѓу претседателот на Турција Реџеп Ердоган и европските лидери се зголеми по организирањето на настани во голем број на градови со цел турските заедници да гласаат со “да” за зголемување на овластувањата на птретседателот. Неколку такви настани беа откажани во германски и холандски градови, а Ердоган обвини за овие активности како за нацизмот. Во соопштението на Министерството за надворешни работи Курц наведува дека неговата земја јасно отфрла кампањи, кои би можеле да ја поларизираат Австрија и да ја продлабочат поделбата меѓу неговите приврзаници и луѓето со курдско потекло. “Реџеп Ердоган сеуште е добредојден за билатерални разговори”, истакнува сепак министерот. Најмалку 300 000 австриски граѓани се со турско потекло. Референдумот за промена на политичкиот систем во Турција ќе се одржи на 16 април