Имаме одличен резултат, но Динамо и понатаму е фаворит“, изјави тренерот на Шкупи Гоца Седлоски во пресрет на утрешниот реванш од 2. прелиминарно коло од Лигата на шампионите против загрепски Динамо.
Натпреварот на Максимир заврши со резултат 2:2, а реваншот е утре од 21 часот во арената „Тоше Проески“.
„Не знам дали не потценија или не. Но, ако е така, нека бараат причина. Се докажавме на теренот. Секако дека тие се уште се фаворити. Знаеме кој е Динамо, знаеме каков играчи се и со каков буџет располагаат. Секогаш се квалификуваат за Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Имаме одличен резултат, но сепак се фаворити, на хартија“, вели Седлоски.
Македонскиот стручњак истакна дека гледањето на своите играчи на тренинзите му влева надеж бидејќи ја гледа мотивацијата и ентузијазмот со кој играчите го очекуваат натпреварот.
„Се е отворено. Мораме да ги отстраниме грешките од првиот натпревар. Ќе бидеме подготвени на се, а ќе видиме колку противникот ќе ни дозволи. Им кажав на играчите по првиот натпревар дека одигравме добро и дека ако за возврат ми ги извршуваат задачите, се е можно“, истакна Седлоски.
Седлоски повика на мобилизација
Македонскиот шампион ги повика навивачите на клубот, но и останатите скопјани да го наполнат стадионот за заедно да испишеме историја.
„Веруваме во историска победа и пласман, но за да го постигнеме тоа потребна ни е поддршката од јавноста и нашите навивачи кои се дванаесетти играч“, изјави Седлоски.