Седми ден по ред продолжува бојкот на работата на машиновозачите. Тој еподдржан од најголем дел од вработените, а не како што тврди директорот од неколкумина вработени и членови на незнависниот синдикат. Двата синдикати на машиновозачи и машински пероснал ги отфрлија тврдењата на упрaвата на претпријатието дека железничкиот сообраќај функционира нормално.
Нашиновозачите информираат дека единствено што е вистина е дека освен половина од јулската плата што е пак и причина за бојкотот не е префрлена останатата плата и патните трошоци како и надоместокот за ноќна смена. Од независниот синдикат се категорични дека дека откако е започнат бојкотот, раководстовтво има вработено најмалку тројца пензионирани лица кои во минатото работеле како машиновозачи.
Денеска пак простерираа и некогашните вработени во чевларскиот гигант Газела. Тие пред скопскиот граѓански суд бараа од стечајниот судија да ги извести до каде е стечајната постапката која веќе 15 години тече.Бараат да дознаат како ќе се распределуваат средствата од стечајната маса, бидејќи нив им немаат исплатено 11 заостанати плати од старата фабрика. Неисплатените плати од странските инвеститори кои на два пати потоа стопанисуваа со Газела не се предмет на овој договор. За ова претходно треба да се договорат стечајниот управник и сегашниот сопственик на фабриката.
