Поранешниот бек на Сакраменто, Мемфис, Хјустон, Лејкерс и Портланд, Бен Меклемор (32), е осуден на осум години затвор за силување, објавија речиси сите американски медиуми.
Делото за кое седмиот избор на драфтот во 2013 година е обвинет како силување се случило на домашна забава во домот на тогашен соиграч во Портланд во 2021 година.
Меклемор плати кауција во износ од 500.000 долари и тврдеше дека сексуалниот чин бил консензуален.
„Не сум обвинет дека принудувам некого да има секс, но лицето со кое бев интимен сега тврди дека не се согласила на тоа“, се бранеше Меклемор во тоа време, додавајќи: „Јас не ја силував таа жена, не сум насилна личност, исто како што не би се вмешал со некој што не се однесува како да не е заинтересиран за мене“.
Портланд беше и неговиот последен тим во НБА, по што играше за Шандонг, АЕК, Бреоган и Јукател.