Седници на Буџетскиот совет и собраниската Комисија за здравство

од desk4
92 прегледи

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Буџетскиот совет на Собранието и собраниската Комисија за здравство.

Буџетскиот совет ќе расправа за Предлог стратешкиот план на Собранието за периодот 2020-2022 година и Предлог буџетското барање на Собранието за 2020 година, а единствена точка на дневниот ред на собраниската Комисија за здравство е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите, во второ читање.

На последниот работен ден пред почетокот на колективниот одмор во Собранието, пак, спикерот Талат Џафери во проштална посета ќе го прими шведскиот амбасадор Матс Стафансон.