Седници на комисијата за финансирање и буџет, како и комисијата за здравство во Собрание

332 прегледи

Денес во македонското Собрание се закажани две седници, и тоа на Комисијата за финансирање и буџет, како и Комисијата за здравство.

Во рамки на дневниот ред на  Комисијата за финансирање и буџет е Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, по скратена постапка, во второ читање.

Комисијата за здравство ќе расправа за измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита и на измените на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка и во второ читање.

Слични содржини