Целта на стратешкиот дијалог со САД, одличната богата соработка, е да се врами во една платформа во која секоја година точно ќе се прецизира што ни е важно оваа година и ќе се фокусираме на тие прашања, кажа министерот за надворешни работи Бујар османи во Тема на денот на Сител.
„Милијарда долари пари на американски даночни обврзници се влеани за зајакнување на нашите институции, за зајакнување на нашата демократија, на слободата на медиумите. Сите тие проекти, сета таа политичка од безбедносна економска соработка да се врамни во една платформа на стратешки дијалог во којшто секоја година точно ќе приотизираме што ни е важно оваа година, ќе се фокусираме на тие прашања,“ изјави Османи.
Фактот што ние сме први од Западен Балкан кои почнуваат со стратешки дијалог, според Османи, е најголемото признание што САД го даваат прво на нашето партнерство, меѓутоа и на постигнувањата што ги имаме како држава и како општество.
Османи информира дека веќе има владина одлука за амбасадор на Северна Македонија во САД и очекува потврда во брзо време. Најави дека седум амбасадори веќе чекаат за да поминат во собраниската Комисија за надворешна политика и тука, како што рече, веќе сме кон завршување можеби првпат на пополнување на целата дипломатска мрежа.