Еден од седумте млади момчиња осомничени за групното силување на 19-годишна девојка во Палермо се расплакал пред истражниот судија и рекол: „Си го уништив животот“.
„Тажен сум поради тоа што се случи, се извинувам на девојката и нејзиното семејство, се вратив за да ѝ помогнам“, изјави 19-годишниот Кристијан Марониа.
Тој тврди дека му било кажано дека девојката се согласила на сексуални односи со седум млади момчиња, од кои едниот бил малолетник, а најстариот имал 22 години во моментот на злосторството на почетокот на јули.
Според обвинувањата, младата девојка која била под дејство на алкохол, момчињата ја однеле во изолиран дел од центарот на градот, каде што наизменично ја силувале и снимале се.
Момчињата беа уапсени по речиси еден месец и обвинети за групен сексуален напад.